Боцнала дете со игла, за да му покаже како страдал Исус

Од:

Чесната сестра Људовита од Кисуцка Ново Место во Словачка, во тек на час по веронаука, ставила игла во дланката на седумгодишниот ученик Адам Целки, за да му покаже како страдал Исус Христос.

-Вака страдал Исус. Доколку не бидеш добар и ти така ќе страдаш – рекла таа.

Според наводите на медиумите, останатите деца биле во шок поради сцената која се одвивала пред нивни очи, а несреќното момче барало помош.

Хелена, мајката на Целки изјавила дека не можела да поверува дека повредата на раката на нејзиното дете ја направила чесна сестра.

-Кога Адам пристигна дома го прашав што му се случило. Се запрашав дали таа размислила за својата постапка. Со оглед на тоа што Велигден наближуваше се исплашив што уште би можела да направи, можеби да распне некое дете – истакнала Хелена.

Портпаролот на училиштето рекол дека институцијата го осудува таквиот начин на подучување.

-Во разговор со неа таа рече дека тој ден учеле за Исус и дека децата биле повикани по нивна желба да почувствуваат мала болка, со цел да ја сфатат темата. Таа негира дека го повредила момчето- истакнал портпаролот и додал дека чесната сестра добила отказ.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти