Турскиот фудбалски клуб „Фенербахче“ соопшти дека нема да игра сè додека не се пронајде сторителот на вооружениот напад на автобусот со кој се превезуваат неговите играчи, а во кој немаше повредени играчи, но возачот беше ранет.
„Немаме намера да играме сè додека случајот не се реши целосно“, рече претставникот на клубот, Денис Тојга Ајторе.
„Фенербахче“ вчера бараше да се прекине шампионатот на Турција сè додека не се најдат тие што го извршиле нападот.
Нападот се случи во саботата кога играчите се враќале во Истанбул по победничкото гостување на „Ризеспор“. Играчите од градот Ризе тргнале на аеродром во соседниот град Трабзон.
Нападот беше осуден од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, како и од труските клубови.
Извор: Мета