Петрески ослободен од притвор

Од:

Поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески денеска е ослободен од притвор, дознава А1он. Како гаранција дека Петрески нема да ја напушти државата е ставена семејната куќа која е во сопственост на неговата мајка, а не како што се шпекулираше со сума од половина милион евра.

Петрески заедно со уште петнаесетина други лица беше уапсен во акцијата „Јагула“ пред повеќе од четири месеци. Најголемиот дел од уапсените беа пуштени веднаш, додека на Петрески со уште тројца свои соработници им беше одредена мерка притвор. До сега четири пати му беше продолжен притворот на поранешниот градоначалник на Охрид. Министерството за внатрешни работи заедно со Финансиска полиција ги сомничи за наводни малверзации со кои наводно се стекнале со против правна имотна корист.

Веднаш по апсењето, опозициската СДСМ излезе со сомнеж дека апсењето на поранешниот градоначалник претставува политичка хајка и пресметка со неистомислениците на власта.

Предметот „Јакула“ заглави низ судските лавиринти и во скоро време не се гледа разрешницата за овој случај. Истрагата, поради обемниот материјал, најверојатно ќе потрае подолго од шест месеци, период за истрага кој е предвиден со закон.

Со ослободувањето на Петрески од притвор, ослободени се сите осомничени во акцијата „Јагула“.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките