Француските специјалци ослободија холандски закложеник во Мали

Од:

Француските специјалци ослободија холандски закложеник во Мали, каде беше држен од силите на Акми (Ал каида за исламски Магреб), јавува дописникот на МИА од Париз.

„Холандскиот заложеник Сјаак Ријеке, грабнат во Томбутку на 25 ноември 2011 беше ослободен со воена акција спроведена од специјалните сили на француската армија. Оваа борбена акција дозволи заробување на повеќе лица“ – соопшти француското Министерство за одбрана.

Холандскиот државјанин се наоѓа на сигурно во Тесалит на привремената истурена база на операцијата Баркане која во Сахел ја водат француските сили против исламистичките групи. Според соопштението на Париз заложеникот бил здрав и не бил повреден.

Францускиот претседател Франсоа Оланд пред новинарите ја потврди оваа вест.

„Специјалните француски сили извршија напад против една терористичка група и не само што ја неутрализираа групата тие го ослободија и Холанѓанецот кој беше држен како заложеник од ноември 2011, односно речиси цели четири години“. Францускиот претседател притоа појасни дека во операцијата имало загинати и ранети меѓу џихадистите.

„Франција ќе ги продолжи своите акции против терористите во Сахел се додека е загрозена нашата безбедност од овие групи, изјави францускиот министер за одбрана Жан-Ив Дриан. Во операцијата покрај сојузниците од африканските земји се вклучени и околу 3000 француски војници.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата