Гордана Јанкулоска со Зоран Ставрески се договараат како да избегнат гласање за хашките случаи. Според Заев прво на Јанкулоска и се јавува Илија Димовски кој бара да дојде во Собранието зошто нема кворум.
Според Заев, Ставрески и Јанкулоска не сакаат да одат на гласање и се договараат како да го избегнат.
-Ставрески вели да се појави Пешевски да гласа, наместо нив да ги викаат, ама сигурно е некаде на плажа во Грција.
– Шефот исто, вели Јанкулоска, посочи Заев.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Илија Димоски
ГЈ: Ало?
ИД: Горде, Иле е.
ГЈ: Кај си бе Иле, те снема.
ИД: Еве у Собрание, на седница.
ГЈ: Што правите?
ИД: Еве ништо, збираме кворум. Можеш ли да дојдеш? Ако си тука.
ГЈ: А бе јас у Скопје сум, ама да се облечам, оти сум…така.
ИД: Што можеш побрзо дојди.
ГЈ: Па за пола саат, јас далеку живеам Иле.
ИД: Знам, знам во секој случај пошто ептен сме на кнап. Ако нешто се измени ќе ти се јавам, ама please.
ГЈ: Не бе, ќе се облечам и ќе дојдам, нема проблем.
ИД: Добро.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставревски
ГЈ: Ало.
ЗС: Ало.
ГЈ: Е.
ЗС: Да бе, ме бараше Силвана и ја откачив.
ГЈ: Ја па не знаев, мене Иле ми се јави. Викам – добро, тука сум ама не можам одма да дојдам.
ЗС: Јас измислив дека сум со детето на Нора, дека го чувам. Ха ха.
ГЈ: Ти добро си се снашол, па што не ми кажа, јас наивна…
ЗС: Ама знаеш како ми текна…у секунда, немав време да ти кажам. Одма вртев, ама ти беше овакво…busy.
ГЈ: А бе јас, да ме бараше таа немаше да и кренам. Ама Иле Димовски ми сврте и јас, со него имам коректен однос. И ми вика: Горде у Скопје ли си? Да бе да, викам, дома, гледам телевизија. Ха ха. И вика: молим те, немаме кворум ова-она, а јас заборавив и дека сум пратеник…
ЗС: Мхм.
ГЈ: И сега ќе се влечкам…не за друго, нејќам да гласам за тој закон.
ЗС: И ја нејќам. Затоа и не отидов. Не ми беше тешко друго. Мене немаше да ми текне, ама Антоанета е стварно отидена кај Нора, и го чува детето, пошто они нешто на роденден биле и мене ми текна тоа, оп реков, како се сетив. Ха ха.
ГЈ: Па ти си се снајде. Ништо, ја ќе се влечкам, барем…а дома немам собраниски канал, да видам што има, до кај се…
ЗС: Има, зборат уште?
ГЈ: А има пријавено за збор?
ЗС: Па овој збори од кај Руфи сега. Не знам колку има, јас до сега не го гледав. Сега кога се јави она го уклучив да видам што се случува.
ГЈ: Мене ми…
ЗС: Јас си сурфам за одмор, знаеш…
ГЈ: Мене ми е идејата, ем ептен, пошто знам сега, пошто му реков на Иле тука сум, ова-она…
ЗС: Што бе, знаеш кај се пратенициве, ало? Кај се? Нек си ебат матер, нека го викнат Пешевски.
ГЈ: И тоа што викаш. Да бе да.
ЗС: Некаа го викнат Пешевски нека оди.
ГЈ: И тоа што викаш.
ЗС: А бе оди, све амали ние, за све сме амали, другите се курчат и си прават мрежа у државава. Што вика овој Игор од кај мене кога му пишав, сега не е една мрежа на..на овие, на фамилијава знаеш…
ГЈ: Ааа…
ЗС:…сега вика втора мрежа Пешевски прави низ државава.
ГЈ: Па и така е.
ЗС: Така е, и луѓево го знаат тоа, знаат кој е-што е дечково, не може…
ГЈ: Да, да.
ЗС: Ја му реков на шефот кога ми го спомна него, а бе овие кај мене, Наташа и Игор се….они се…ни до нив не е стасано, сфаќаш?
ГЈ: Не бе, баш сега со…
ЗС: Зошто бе да биде он министер? Ми е криво, јас имам златни деца никој, никогаш не ме прашал за нив.
ГЈ: Ееее, а јас што да кажам?
ЗС: Само затоа што се мои? Затоа што јас сум тој што сум и затоа што му пречиме со тебе, му е страв да не сме прејаки? Тоа е…
ГЈ: Да, да.
ЗС: Ебате беља.
ГЈ: Па и овие бе кај мене, како магариња работат.
ЗС: Прават мрежи, а луѓево умреа од работа кај мене. Пет години го носам цело, цела економија ја носам у Македонија на грб,
ГЈ: Да, да.
ЗС: Никој не ме праша бе дали имаш некој кадар, никој не ме праша. И до тука ми е зовриено. И ја ќе трчам сега за у Собрание!? Нека им трчаат тие што се…се некои фраери се…Денеска состаноци гледам бе Горде, кој со кого држи состаноци, не сум идиот.
ГЈ: Е па све ти е јасно.
ЗС: Све ми е јасно.
ГЈ: Се ти е јасно.
ЗС: Да не ми е јасно, нема да се нервирам. Од што ми е јасно се нервирам.
ГЈ: Не, ја ќе гледам и кога ќе дадат пауза, намерно ќе отидам откако ќе заврши цела работа.
ЗС: Ма ич, маткај се наваму-натаму.
ГЈ: А не…
ЗС: Речи: колата ја чекам, немам кола.
ГЈ: Да бе да, така ќе речам.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставревски
ГЈ: Ало.
ЗС: Ало, што правиш?
ГЈ: Па еве на работа, ти што правиш?
ЗС: Еве и јас сум на работа, сега дојдов пред 20 минути. Ти се јавуваа овие од Собрание?
ГЈ: Да бе да, јас баш ќе те барав…Ја да ти кажам не им се јавив и гледам ми пратиле пораки сите, немаме кворум, ова-она и баш ќе те барав да ти кажам.
ЗС: Па и јас исто, не им дигнав слушалка. Па Ѓорчев ми пуштил порака. Силвана ме бараше, а Ѓорчев порака ми пуштил.
ГЈ: Мене двајцата ми вртеле, он ми пуштил порака и уште некој ми пуштил порака ама не знам чив е бројот: „Дојди во Собрание, ни требаат министрите, немаме кворум за гласање“.
ЗС: Па кај им е кворумот?
ГЈ: Е па не знам бе Зоки, кај им се пратенициве? Пратеници да му се сневиди. Дојде до тројца министри. Јас да ти кажам, пошто знам за што е гласањево, се мислев да му пуштам порака на Ѓорчев дека не сум во Скопје. Ама баш сакав да те чујам и тебе, да видам ти што мислиш?
ЗС: Па што да мислам, не сум воодушевен. Па од друга страна да не испадне брука пак, не знам што да правиме. Не знам кај се другите, да можам да дознаам кај се и зашто ги нема…
ГЈ: Не, ама немам кого да прашам…
ЗС: И дали ќе се пополни е полесно, ама нема со кого да се збори.
ГЈ: Немам кого да прашам, ако се јавам…
ЗС: Да де да.
ГЈ: Знаеш, ако се јавиш првото прашање е: тука си или не си тука, па после се друго.
ЗС: Не сум, у Крушево сум, сега ќе тргнам. Така да им стегнеме една. Мора да се збори со некој за да знаеме дали…па ако се збори, они ќе притискаат…ќе…ќе речат нема кворум, тоа ќе биде одговорот.
ГЈ: Да де да. И мислам дека никој нема искрено да каже. Дури и да има…
ЗС: Оти они да имало, до 11 ќе се собереле, не…кај и да си во Македонија ќе дојдеш.
ГЈ: Мене сега ми ѕвонеа…мислам, нема 10 минути нема. Баш сега непосредно пред ти да се јавиш, и јас ќе ти вртев, пошто претпоставував дека и тебе те бараат.
ЗС: А кои се други од вакво…Нино…
ГЈ: Нино, Пешевски, јас, ти и Антонио.
ЗС: Тие сме а? На листа што бевме…
ГЈ: И шефот.
ЗС: Пешевски сигурно нема да дојде, тој е 100% негде на плажа у Грција.
ГЈ: Шефот исто.