(ВИДЕО) Заев: Груевски лично инсистирал за амнестија на хашките случаи

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев објави разговори за кои кажа дека се расветлува уште едно лице на Никола Груевски-најсаканата маска, на големиот патриот.

-Ќе слушнете каков манипулатор е Никола Груевски-за да остане на власт не го интересираат македонските национални интереси во кои ке крсти пред граѓаните. Ќе слушнете како ги фрла во оган најблиските соработници во коалициски пазари само да остане во премиерската фотеља.

Станува збор за хашките случаи и зацврстување на коалициониот договор. Заев пред разговорите објави снимка од Груевски од прес конференција во Владата каде кажува дека тој нема никаква врска со хашките случаи.

-Соработката и коалицијата со Ахмети рековте ви е едобра, дали вашите пратеници ќе гласаат за амнестија на овие случаи?

-Она што можам да кажам е дека има добра соработка , што ќе се случува не знам, колку што знам хашките случаи се судски случаи. Тие се во судовите. Не учествувам во никакви пазарења, и она што знам се во суд, рече Груевски на прес конференцијата во Влада.

Веднаш потоа Заев објави разговор за кој рече

-Да слушнеме како лажел, вистината е спротивна на двете тврдења, лилно се испазарил со Али Ахмети, наредил лично целата постапка да оди во парламентот за тој да се заштити. Ќе видите како оваа правно неизводлива процедура ја товари на пратениците и министрите. Тоа дело не може преку автентично толкување да се толкува и да се брани со амнестија.

Тој вели-мој избор тоа да биде веднаш, се однеусува за хашките случаи, рече Заев и објави разговори помеѓу Силвана Бонева и Никола Груевски и Гордана Јанкулоска и Никола Груевски пред формирањето на Владата со Али Ахмети. Разговорот се однесува како да се изведе амнестијата на хашките случаи.

1. Разговор помеѓу Силвана Бонева и Никола Груевски

СБ: Ало.

НГ: Ало.

СБ: Претседателе, добра вечер.

НГ: Ало, Силвана што правиш?

СБ: Читам нешто весниците, два дена не сум видела, па ги собрав сите, да видам да не испуштам нешто..

НГ: Еј Силвана, вечерва со ДУИ завршивме.

СБ: Конечно.

НГ: Конечно.

СБ: Е браво.

НГ: Е сега од утре почнува маката. Имплементација.

СБ: Имплементацијата, а!?

НГ: Да, така да наредни 7-8 дена ќе бидат тешки за нас многу. Мој избор е тоа да бидат веднаш, а не да чекаме после септември-октомври. Тоа што сме превзеле негативно да го истуркаме сега.

СБ: Веднага да биде. И најубаво, летото сега…

НГ: Веднаш, и да сме на раат после цел мандат. А?

СБ: Летото сега и после цел мандат да бидеме на раат.

НГ: Не летото, до следната недела да се заврши. После кога ќе дојде владата да се бира, тоа да е више завршена работа.

СБ: Ааа, Аха.

НГ: Владата околу 25-ти ќе се бира у Парламент. А ова да речеме од утре ќе почне, задутре да речеме. Утре ќе се поднесат, задутре ќе се дискутира.

СБ: За јазиците ќе оди?

НГ: До кај понеделник, најкасно вторник другата недела да се заврши приказната. Гласање-масање и …

СБ: Во вторник веќе имаме седница, мислам.

НГ: Да има, ама ова е сега приоритет. Ќе се поместува, ќе се прави, за да ова завршат овие.

СБ: Да де да.

НГ: Значи три закони има многу…

СБ: Да.

НГ: Што се вака за нас да речеме проблематични. Односно два закони и едно толкување.

НГ: Толкувањето е за хашките…

СБ: Мхм.

НГ: …да бидат амнестирани…

СБ: Да, да ги опфати Законот за амнестија, така ли?

НГ: Да ги опфати Законот за амнестија.

Разговор помеѓу Силвана Бонева и Никола Груевски

НГ: За Хашките ќе мора мислење да побара од Влада, Трајко, таков бил деловникот.

СБ: Епа да. Мора.

НГ: И мора да дадеме мислење. Значи не може ако не го дадеме он да го пројде.

СБ: Да де да.

НГ: Нашето мислење ќе биде округло па на ќоше, или ќе биде цитат на тој Закон или нешто така.

СБ: Како закон за амнестија.

НГ: Значи ни да ни не, него нешто колку да пратиме, нешто ќе биде.

СБ: Да де да. Комисијата за…Законодавно-правна, да си го донесе толкувањето.

НГ: Да.

СБ: Да не биде ни не ни да.

НГ: Да. Да. Не. Нашето ќе биде ни не ни да. А комисијата треба да си го протолкува и да го донесе, да.

СБ: Да де да. А Законодавно-правна изрично да си каже. Епа претседателе има, до вторник мислите се тоа да го избутаме?

НГ: Да. Му кажав на Протоѓер, сега нешто, сабајле да го свика пи-ар тимот, Илија Димовски, како на партија нели, Александар…

СБ: Илија Димовски во Брисел иде треба под итно да си дојде.

НГ: Суле оној на кабинетот, Мартин Мартиновски на Владата и Гордана, која што е најзапознаена, да направат стратегија за пи-ар утре.

СБ: Мхм.

НГ: И не е лошо у тек на денот да се чуеш со нив и да ти кажат како ќе ја тераме.

СБ: Да може да менаџираме. Да, оти сега ќе нагрнат новинари и сите.

НГ: Добро е да не се летаат нашите со изјави додека во текот на денот не добиете инструкции за пи-ар како да го терате

СБ: Јасно јасно. Бидејќи Илија Димовски не е там, ќе треба…

НГ: Ќе контактирам и со медиуми со коишто имаме подобра соработка, да ни помогнат.

СБ: Мхм.

НГ: Да ги истакнат тие делови каде што ние сме добиле. Да не кажат сме добиле 15 институции туку не им го дадоа тоа, не им го дадоа оноа, сваќаш?

СБ: Да де да.

НГ: Ништо не лажеш само поинаку го кажуваш.

СБ: Да де да. Гулемите работи да се кажат оти не са дадени и… а другото не е битно, да се редат 15-те.

НГ: Да.

СБ: Тогај треба сериозно од утре натаму веќе. Значи ја ќе им кажам, и без тоа ќе дојдат нели на ова како го викат…на седница. Да им кажам да си седнат и да почнат многу сериозно во собранието, ќе треба серизони координации со нив. За закон за јазик е многу сериозно, закон за знаме, да не се истрчуваат, да не кажат нешто што не треба.

НГ: Ахмети констатираше дека после 108 години Албанците го имаат Одбрана.

СБ: Одбрана.

НГ: После Крушевската република.

СБ: Ааа после Крушевската република имат одбрана, ха ха.

НГ: Да, прв пат после Крушевската република Албанци го добиваат одбрана. Ха ха ха.

СБ: Ииии таа му е јака. За пи-ар кај неговите му е јака.

НГ: Да да да. Ха ха ха ха.

СБ: Еееј. Богами големо кажано, после Крушевската република….

НГ: Епа во Крушевската република на Албанец била доверена одбраната.

СБ: Да да.

НГ: А на Влав финансии.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски