Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја денеска на јапонскиот амбасадор во Сеул му врачи протестна нота поради објавување на книга во која се објаснуваат и оправдуваат јапонските територијални аспирации кон група острови и територија и името на Јапонското Море.
Според официјален Сеул, објавувањето на оваа книга покажува дека Јапонија се подготвува за повторување на империјалистичката колонијална политика од времето на Втората светска војна и порано.
Првите проценки на аналитичарите се дека со ваков развој на настаните на неопределено време се одлага долго очекуваната трилатерална средба на врвот меѓу Јапонија, Кина и Јужна Кореја, која се подготвува и одлага уште од 2011 година.
Самитот, како настан што наскоро следува, заеднички го најавија шефовите на дипломатиите на трите држави, пред две недели, но по денешната реакција од Јужна Кореја, средбата на врвот повторно е извесно дека нема наскоро да се оддржи.