(ВИДЕО) Арифи: Рано е за прогнози дали ќе добиеме датум за преговори со ЕУ во декември

Од:

Рано е да се прогнозира дали Македонија на самитот на Европската унија(ЕУ) во декември ќе добие датум за преговори, изјави вицепремиерката за европски интеграции Теута Арифи, во интервјуто за вестите на Алфа ТВ.

Таа изрази очекување дека земјата ќе добие позитивен извештај од Европската комисија(ЕК).

„Мислам дека треба да очекуваме позитивен извештај, кој ќе биде приказ на нашата реалност. Оценките за нашиот напредок, ЕУ не ги прави ‘за атер’, па да ги испегла видувањата за нас. Јас мислам дека нивната отвореност и критичност ќе останат и тоа е добро, но нивната оценка во овој период се базираше на договорените приоритети, кои ние си ги зададовме заедно со нив и врз основа на тие приоритети ние сме позитивно оценети”, вели меѓу другото вицепремиерката Арифи за вестите на Алфа.

Би можело да ве интересира

„Гардијан“: Европа мора да се однесува како Кина за да ја преживее ерата на хаосот

Дмитриев: Енергетската криза ги отвори „затворените очи“ на ЕУ

Горан Наумовски

Трамп: ЕУ до јули треба да ги исполни обврските од трговскиот договор

Коста: ЕУ се подготвува за можни разговори со Путин

Европратеник: Трамп ја удира ЕУ, a Брисел молчи

А1он

Кина упати сериозна закана до Европската Унија