Вкупната вредност на македонскиот извоз во периодот јануари-февруари 2015 година изнесува 674.552.000 американски долари, а на увозот 885.340.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз е 76,2 отсто, а трговскиот дефицит 210.788.000 долари.
Според Државниот завод за статистика, најголемо учество во извозот имаат земјите-членки на ЕУ (78,8 отсто) и земјите од Западен Балкан (9,8 проценти), додека во увозот земјите-членки на ЕУ (64 отсто).
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетови на проводници за палење,…, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи) и облеката.
Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија (53 отсто).