Голем пад на рејтингот на филипинскиот претседател Акино

Од:

Последната анкета за јавното мислење на Филипините, објавена денеска, покажува дека во првиот квартал на годинава поддршката на политиките на филипинскиот претседател Бенињо Акино паднала на само 11 отсто.

Последната анкета, од декември лани, покажуваше дека претседателот имал поддршка од само 39 отсто од Филипинците, но малку кој веруваше дека во април ќе биде измерен толку низок рејтинг.

Неуспехот во спроведувањето на политиката за елиминација на сиромаштвото, гесло кое најмногу придонесе Акино да победи на изборите од пред четири години, е главна пичина за толку негативниот став на јавноста кон претседателот.

На падот на популарноста многу влијаело и директното мешање на Акино во акцијата за разбивање на муслиманската терористичка група на југот на Филипините од февруари. Во операцијата загинаа 44 припадници на специјалците од филипинската антитерористичка бригада.

Колку за утеха на претседателот Акино е податокот од анкетата, според кој, половина од испитаниците немаат ништо против Бенињо Акино да го заврши претседателскиот мандат до изборите во 2016 година.

Меѓутоа, дури 95 насто од анкетираните изјавиле дека во никој случај не би гласале синот на првата демократски избрана претседателка Корасон Акино уште еднаш да биде на чело на Филипините, каде во март годинава статистиката го одбележа податокот дека сега живеат 100 милиони луѓе.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски