ФОТО: Младинскиот совет на Заев му врачи портрет со негов лик за континуираната поддршка

Од:

По повод седмумгодишнината од постоењето, претставници на Младинскиот совет на општина Струмица на градоначалникот Зоран Заев му подарија портрет со негов лик.

portretZaev (3)

При врачувањето на портретот тие истакнаа дека со овој подарок му се заблагодаруваат за неговата континуирана поддршка во изминатите седум години со која се реализираа бројни активности и тоа не само во интерес на младите, туку во интерес на сите граѓани на општина Струмица.

portretZaev (4)

Градоначалникот Заев, заблагодарувајќи им се на младите рече дека Младински совет даде голем придонес во зголемувањето на квалитетот на животот во општината.

portretZaev (5)

-Благодарение на вас, но и на сите генерации кои што поминаа, имаме Младински совет со кој што можеме да се гордееме и мислам дека сме единствена општина со таков Младински совет. Многу иницијативи произлегоа од овој совет за младите, градот и општината, тоа е едно трајно богатство кое генерациите по вас ќе можат да го негуваат, затоа што е многу добро. Ви благодарам за изразената почит, таа од моја страна е уште поголема, затоа што знам дека тоа што го работите го правите со голема љубов и искрена желба да дадете придонес во севкупниот квалитет на животот во нашата средина. Ви благодарам на сите, рече градоначалникот Заев.

portretZaev (1)

На средбата која се одржа во кабинетот на Градоначалникот, претставниците на Младинскиот совет ги презентираа активностите кои ќе се реализираат во наредниот период.

 

Би можело да ве интересира

Тепачка во Струмица, еден маж користел секира, полицијата уапси еден од насилниците, вториот е во бегство

13 години од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица

Почина човек во изгорен стан во зграда во Струмица

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ