ВИДЕО: Хрватски доброволци се борат во Украина

Од:

На видео запис под име „Хрватски доброволци во Украина“ објавен на „Јутјуб“, двајца маскирани мажи на англиски јазик зборуваат за причините поради кои заминале на фронтот во источна Украина.

-Ние во периодот помеѓу 1991 и 1995 година имавме ист проблем со српската агресија. Русите и Србите имаат иста политика, сакаат да покорат една независна држава. Кога го видовме тоа на телевизија, дојдовме да им помогнеме на нашите украински браќа во таа борба – вели е ден од маскираните.

Според нивните зборови рускиот претседател Владимир Путин е комунист, чија цел е голема Русија и дека тој не прифаќа ниту една слободна нација.

-Сака повторно да го изгради Советскиот Сојуз, но такво нешто Европа не може да дозволи. Мислиме дека цела Европа треба да ја подржи Украина и да го сопреме овој нов Сталин – изјавиле хрватските доброволци и додале дека знаат дека на спротивната страна се борат Срби.

Меѓутоа тие се надеваат дека ќе сретнат некого од нивните српски пријатели бидејќи според нив не се лоши сите Срби.

-Имаме некои пријатели во Србија, националисти, но тие мислат правилно. Повеќето Срби за Русија сметаат дека им е мајка и сакаат да дојдат тука за да направат не знам некаква нова Србија- вели едниот од нив.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина