Собранието на Србија во понеделник го укина имунитетот на поранешниот министер за животна средина и просторно планирање Оливер Дулиќ, осомничен за злоупотреба и корупција, со што се отвори можноста за казнена постапка.
„Нека ми јават кога треба да се јавам во полиција, нема потреба да ме бркаат по градот”, рече пред седницата Дулиќ, кој не сакаше да присуствува на гласањето за укинувањето на неговиот пратенички имунитет и уште претпладне го напушти Собранието.
Обвинителството за организиран криминал го сомничи Дулиќ за злоупотреба на службената положба при издавањето дозвола за поставување на оптички кабли на трасите долж државните патишта на словенечката компанија Нуба инвест.