Познатиот албански бизнисмен и еден од највлијателните пратеници на владеачката Социјалистичка партија, Кочо Кокдима, се заложи за легализација на производството на марихуна во Албанија.
– Албанија поседува одлични климатски услови за производство на високо квалитетна марихуана од типот канабис сатива, и тоа треба да се искористи за контролирано производоство на оваа лесна дрога, изјавил тој додавајќи дека веќе имал контакти со одредени американски компании, кои покажале заинтересираност за откуп на марихуаната.
Кочо Кокдима, кој е и сопственик на „Шекули“еден од најтиражните весници, е близок соработник на премиерот Еди Рама, што е причина повеќе опозицијата овој негов став да го оцени како „идеа на владата за да го измери пулсот на јавноста“.
Инкау, Албанија, до средината на минатото лето, ја нарекуваа Колумбија на Балканот поради огромното производство на марихуана.
Само во селото Лазарат, познато како „фабрика за марихуана“ се произведуваа 900 тони холански сорти марихуана а жителите профитираа над 4,5 милиони евра. И по големата акција на полицијата, во која беа запленети и уништети над 150 килограми марихуана, над 350 илјади садници, како и семе и расад, производство се уште е присутно но е во помали размери.
Освен во Лазарат албанските граѓани марихуната ја произведуваат и во други делови, главно во планински недостапни области.