Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да триумфира во финалето на фјучрс турнирот во Шарм Ел Шеик. Таа во финалето загуби од Мариам Болквадзе од Грузија со 6:1 и 6:4.
Нашата тенисерка со ова испушти шанса за двојна победа на овој фјучрс откако вчера во двојки со Јулија Терзијска го освоија турнирот.