Фидел Кастро се појави во јавноста по 14 месеци отсуство

Од:

Поранешниот кубански лидер Фидел Кастро се појави во јавноста првпат по 14 месеци. Во Хавана тој се сретна со делегација на Венецуела која се наоѓа во Куба во „мисија за солидарност#.
Средбата на 88 годишниот лидер на кубанската револуција, со гостите од Венецуела се одржа во едно училиште во Хавана.

Кубанските весници го опишуваат остарениот Кастро како човек „исполнет со виталност“ но од средбата на која и е дадено големо внимение,има само фотографија. На неа се гледа Кастро како седи во своето возило и низ прозорецот се поздравува со гостите.

На себе има спортска ветровка и капче за безбол, најомилениот спорт на некогаш неприкосновениот лидер на Куба, облека во која тој најчесто се фотографира, откако во 2006 година се повлече од сите свои државни и партиски функции, поради серизоно нарушено здравје.
На лидерската функција го наследи неговиот брат, Раул Кастро кој сега има 83 години.

По распадот на некогашниот Советски Сојуз и падот на комунизмот во Источна Европа, богатата со нафта Венецуела стана најголемиот и единствениот стратешки сојузник на Куба.

Ваквите блиски односи ги воспоставија Фидел Кастро и покојниот венецуелски претседател Уго Чавез кој додека беше жив почна да спроведува внатрешна политика налик на кубанската.

Двајцата лидери се договорија Венецуела да ја снабдува Куба со нафта и гас по пониски цени од оние на светскиот пазар, а за возврат да добива „интелектуална помош“ од Хавана, со илјадници кубански лекари, учители и професори кои сега работат во оваа јужноамериканска земја.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД