Најдобрата светска тенисерка, Серена Вилијамс, е победничка на Мастерс турнирот во Мајами, откако во финалето за нешто помалку од еден час ја совлада Карла Суарез-Наваро (Шпанија) со 2-0, по сетови 6:2 и 6:0.
За Американката ова е осми трофеј во Мајами.
Суарез-Наваро и покрај поразот има причини за задоволство. Таа го играше своето прво финале на турнир од Мастерс серијата, а веќе од утре ќе влезе во ТОП 10 на ВТА листата.
Вилијамс останува доминантна во женскиот тенис. Таа во Мајами ја продолжи серијата од 18 победи и е без пораз во 2015 година.
Вечерод 19 часот е машкото финале во кое ќе играат Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј.