По повеќе од четириесет години од конфликтот, кој однесе над 120 000 жртви, и 15 години мировни преговори испрекинати со насилство, Филипинската влада и Исламскиот ослободителен фронт Моро (МИЛФ) договорија формална рамка за спогодба со која на сиромашниот јужен дел на земјата, треба да му донесе мир и политичко и економско заздравување.
Со договорот ќе се отвори патот кон постигнување автономија за доминантно муслиманскиот југ во инаку католичката земја. Автономната покраина, богата со природни ресурси, како нафта и гас, ќе се вика Бангсаморо, како што се нарекуваат жителите на архипелагот Сулу. Точната големина на новата провинција ќе биде утврдена со референдум.
Официјалното потпишување на мировниот договор, кој се случи по преговорите во Малезија, е закажано за 15 Октомври во Манила. Сите ставки од договорот треба да се остварат до истекот на мандатот на сегашниот Филипински претседател Бенињо Акуино во 2016.година.
Самиот нацрт договор им признава на лидерите на Бангсаморо поголема политичка и економска автономија, а на жителите од регионот им ветува фер удел во распределбата на природните ресурси. Со договорот се закажува и воспоставување на транзициски комисија “, која ќе создаде правни и законски услови за имплементација на договорените ставки. MILF, според нацртот треба да спроведе програма за напуштање на оружјето во своите редови.