Кенија: Уапсени пет лица за нападот врз колеџот „Гариса“

Од:

Најмалку пет лица се уапсени за поврзаност во нападите на колеџот „Гариса“ во североистокот на Кенија, во кој загинаа 148 лица, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на кениското министерство за внатрешни работи.

Повеќе детали за апсењата не се објавени.

Советот за безбедност на ОН вчера го осуди терористичкиот напад во кој загинаа речиси 150 лица на колеџ во североисточниот дел на Кенија и повика виновниците да се изнесат пред лицето на правдата.

Во изјавата потпишана од сите 15 земји членки на СБ на ОН се укажува признание на Кенија во борбата против тероризмот, особено за улогата на Најроби во мисиите на Африканската унија во соседна Сомалија против екстремистичката група Ал Шабаб, која ја презема одговорноста за нападот.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“