Франција ги засилува мерките за безбедност во сообраќајот

Од:

Забрана на слушалките, зголемени парични казни, намалување на количината на алкохолот за младите возачи… Француските власти со нова серија на мерки сакаат да ја зголемат безбдноста во сообраќајот, јавува дописникот на МИА од Париз.

Од 30 јуни на годинава во сила ќе влезат новите мерки со кои ќе биде забрането користењето на уредите „слободни раце“ за мобилните телефони, а на некои патишта за моторни возила брзината ќе биде ограничена на 80км/час наместо сегашните 90 км/час, соопшти француското Министерство за внатрешни работи.

Според планот на француските власти, на истиот датум казните за паркирања на забранети места како пешачките премини, троторите или велосипедските патеки од 35 евра ќе бидат зголемени на 135 евра и нивото на алкохолот во крвта за новите возачи ќе биде намалена на 0,2г/литар крв, три години по полагањето на возачката дозвола. Инаку во Франција дозволоното количество на алкохол е 0,5г/литар крв.

Се на се во новиот план за безбдност во сообраќајот има 26 различни мерки. Така, во автомобили или на моторцикл ќе може да се користи мобилен телефон, само со блутос систем (без слушалки и жица), за да се зачува вниманието на возачот на тоа што се случува надвор.

Непочитувањето на оваа забрана возачите ќе ги чинат 135 евра парична казна и одземање на 3 поени во возачката која брои12.

Истовремено ќе се забрза инсталирањето на радарите на крстосниците со семафори, за да се ловат оние кои поминуваат на црвено.

Полагањето на возачка дозвола ќе биде можно на 17 години, под услов ако на 15 години кандидатот се запишал за возење со придружба.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата