Два дена по нападот на универзитет во Кенија, пронајден еден преживеан

Од:

Два дена по нападот на кампусот на универзитетот Гариса во Кенија во кој загинаа 148 лица, денеска е пронајдена една преживеана студентка, јави локалниот медицински пероснал.

Кениските власти соопштија дека 19-годишната студентка се криела на кампусот од четвртокот. Според медицински извори девојката се криела во орман, прекриена со облека.

Министерот за внатрешни работи на Кенија Мвенда Њока изјави дека полицијата уапсила пет лица за поврзаност со масакрот, за кој одговорнот презема сомалиската група „Ал Шабаб“.

– Пет лица се уапсени и тие се испитуваат, изјави Њока, додавајќи дека во четвртокот се убиени четворица напаѓачи на крајот од еднодневната заложничка драма.

Според Њока тројца биле координатори и се уапсени додека се обидувале да избегаат во Сомалија, а двајца се уапсени во рамки на универзитетскиот кампус.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“