Претседателот на Општинската организација на СДСМ од Прилеп, Сашо Велески, на прес конференција, обзнани снимени разговори, за кои вели дека се меѓу Марјан Ристески, градоначалникот на Прилеп и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, во кои Јанакиески бара од Ристески список на фирми, наводно блиски на СДСМ.
Посебно на удар е фирма на Хари Локвенец, тогашен кандидат на СДСМ за градоначалник на Прилеп. Тие, велат од СДСМ, кројат планови, за уривање шанкови, тераси, да направат војна, за да се види што е сила.
Јанакиески, велат од СДСМ, го советува да не отвора многу војни.
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Маријан Ристески
МР: Што правиш Миле?
МЈ: Добро бе. Си одам накај дома.
МР: Ме бараше нешто?
МЈ: Дај ми ги овие две фирми на Кокаров и на овој…
МР: Ти ги пуштив вчера.
МЈ: Не ми стигнаа.
МР: Од Панде „——“ а од Кокаров треба да провериме.
МЈ: Е па таа од зет му фирмата е едната. А од Хари?
МР: Од кој Хари?
МЈ:Хари Локвенец.
МР: Еј, на Димко ќе му речам, ќе ти ја пушти.
МЈ: А кој е за пресовите/дресовите , како иде сега?
МР: А бе Панде е за ЕС-ДЕ-ЕС сега.
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Маријан Ристески
МР: Еј Миле, ме побара?
МЈ: Да. Значи, не брзај со одлуките, на пример со масите. Направете програма се, значи да биде регуларно и Жаре и овие. Значи се направи си по програма, внеси ја на Совет и после удирај.
МР: А бе имаме програма ние, имаме реакција од зградата за нарушување на јавен ред и мир. Тоа не е планирано за бавча тука.
МЈ: Него удри го.
МР: М?
МЈ: Него можеш да го удриш. Тука знам стално забележуваат со години.
МР: Да де да, ама тие ги имаат сменето, го имаат преправено и по рекација од граѓаните нема да му дозволиме да стави мовче и крај. Ќе му го турниме шанкот, пошто дива градба е.
МЈ: Е така. Донеси му денеска решение за шанкот…
МР: Решение за шанкот и да ја протераме работава.
МЈ: После ——–, ќе видиш дали тој има нешто за маси, за закуп, за ова-за тоа.
МР: Ама има, Дане реагира овие од кај мене, не ја поскапува маржата, политиканство брка, викаат, се нервираат.
МЈ: Нема, ќе ги стегнеш Маријан. Сега после она…
МР: Политиканство брка, се прави—-, не може така. Онаа Ла страда терасана…
МЈ: Која?
МР: Ла Страда.
МЈ: Не отворај војни сега многу.
МР: А?
МЈ: Не отварај војни многу.
МР: Да остане?
МЈ: Пополека.
МР: Како да оди. Мислам дека максимум едно кафуле од 3 квадрати…
МЈ: Не го бива…
МР: Значи и за нас ќе биде, не може 16….
МЈ: Значи пополека, пополека. Еве сега Диме реши го, па после две недели овие реши ги…
МР: Ајде, ќе правиме…да знаеш не ги оставам. Што сака нека се случува, не ги оставам. Големи лицемери, прв се надувал ондека…..се радуваа за…
МЈ: Знам, ми кажуваа. Кој се радувале?
МР: Тој прв, најјак од сите.
МЈ: Кој?
МР: Еклерот.
МЈ: Е па реши го тој денеска. Уште денеска да види малку сила.
МР: Да.