Претседателот на Општинската организација на СДСМ од Прилеп, Сашо Велески, на прес конференција, обзнани снимени разговори, за кои вели дека се покажува декa нема ништо свето за ВМРО-ДПМНЕ, па дури ни свештени лица.
Се споменува отец Доситеј, од манастирот Бигорски и тоа само затоа што бил пријател со тогашниот кандидат на СДСМ за градоначалник на Прилеп, Хари Локвенец.
„Тој Доситеј у ку.ац ќе фати. Се јавувал за Хари вчера, да не го казнуваат. Почнаа да ме нервираат тие од Бигорски мене“, вели лицето, за кое СДСМ тврди дека е Миле Јанакиески.
Се фалат и, вели СДСМ, дека ја казниле фирмата на Локвенец со 11.000 евра.
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Маријан Ристески
МЈ: Ало.
МР: Ало.
МЈ: Попара вчера брат.
МР: Попара, попара. Ама види со оваа финатава да не прават.
МЈ: Тој Доситеј у курац ќе фати. Се јавувал за Хари вчера, да не го казнуваат.
МР: Што зборуваш?
МЈ: Почнаа да ме нервираат тие од Бигорски мене.
МР: А што, пријател му се прај, а?
МЈ: Мхм.
МР: Е како така бе? Што не му даде Хари 20.000 евра за манастирот, од парите што ги печали? Туку ние му даваме, не му е срам?
МЈ: Е ајде де.
МР: Еее, сето дволични луѓе, ебаго. Само Нешка Дониа да ја посетат.
МЈ: А што има таа со ЕС-ДЕ-ЕС?
МР: Таа му велела јавно на вработените да одат на митинг за ЕС-ДЕ-ЕС и да му дадат глас.
МЈ: Ај пушти ми ја на СМС точно фирмата.
МР: Дониа. Нешка. Дониа.
МЈ: Не, точно сега…Нешка, Дониа…може да не постои.
МР: А бе Дониа, Дониа. Фабрика за слатки е.
МЈ: Ама таа имала 30 невработени, непријавени.
МР: А? Како?
МЈ: Над 20 невработени имала оваа. Непријавени.
МР: Која?
МЈ: Оваа од текстилната.
МР: Конфекција Ангел?
МЈ: Мхм. Хари, и тој имал непријавено. 11 илјадарки вчера, штраак.
МР: Колку, 11.000 евра?
МЈ: Да.
МР: Малку му е тоа. Тоа треба секој месец посета. А овој од Имиџ?
МЈ: Сите се казнети, сите.
МР: Ајде, ајде, ајде.
МЈ: Значи сите се казнети од трите.
МР: Ајде, ајде, ајде.
МЈ: Ајде.