Јемен: Најмалку 185 загинати во жестоки борби за Аден

Од:

Најмалку 185 лица се убиени, а над 1.200 се повредени, меѓу кои голем број цивили, во жестоки борби за јужниот јеменски град Аден, изјави денеска медицински претставник.

Пристанишниот град Аден, кој е последно упориште на приврзаниците на претседателот Абд Рабу Мансур Хади, веќе цела недела е арена на борби меѓу шиитски бунтовници Хути и милиции лојални на Хади, поддржани од воздушни напади на коалициски сили предводени од Саудиска Арабија.

Најмалку 185 лица се убиени, а 1.200 се повредени во борби од 26 март, покажуваат податоците на болниците во Аден, изјави директор на здравствената служба во градот Ал Хадер Ласуар, додавајќи дека три четвртини се цивили.

Според Ласуар во билансот не влегуваат жртви меѓу шиитските бунтовници и нивните сојузници, кои своите луѓе не ги префрлаат во државни болници.

Исклучени се и жртвите во воздушните напади на коалициските сили предводени од Саудиска Арабија, кои почнаа на 26 март со цел да спречат пад на режимот на Хади, кој од Аден, побара засолниште во Ријад.

Ласуар ги повика меѓународните организации и арапски држави членки на коалицијата да обезбедат итна медицинска помош на болниците во Јемен.

Организацијата „Лекари без гранци“ објави дека затворањето на аеродромите и ограничувањето на поморскиот пристап, ги спречиле во намерите да испратат медицински работници и хуманитарна помош во Јемен.

Советот за безбедност на ОН денеска ќе се состане на барање на Русија со цел да разговара за привремен прекин на воздушните напади на Јемен од хуманитарни причини.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида