Францускиот парламент синоќа едногласно се изјаснил дека е против забраната, хомосексуалците доброволно да даруваат крв.
Според наводите на медиумите пратениците ја подржале оценката дека никој не може да биде исклучен од акцијата за доброволно дарување крв поради сексуална ориентација.
Инаку на хомосексуалците во Франција од 1983 година им е забрането да даруваат крв поради страв од ширење на инфекција со ХИВ вирусот.
Министерката за здравство, Марисол Турен ја поздравила одлуката на парламентот, но додала дека со тоа не може да се измени релевантниот закон, туку дека е потребен декрет, кој ќе ја укине постоечката забрана.
Е.Г.