Во Прилеп ќе „пукне“ 17. бомба на СДСМ

Од:

Денеска во Прилеп, во 13 часот, на градскиот плоштад „Методија Андонов-Ченто“, претседателот на Општинската организација на СДСМ од Прилеп, Сашо Велески, ќе одржи прес конференција, на која ќе биде објавена 17. бомба.

Досега беа објавени повеќе аудио снимки од телефонски разговори кои, како што велат од опозицијата укажуваат на криминал и злоупотреби во власта.

Опозицијата досега објави дека во Македонија се прислушувани 20.000 граѓани, меѓу нив и најблиските соработници на Груевски, лидери и министри на ДУИ, лидерот на ДПА, потоа раководството на СДСМ, Бошкоски, Жерновски, Петковски, новинари, судии, обвинители, МПЦ, ИВЗ, МАНУ.

Заев на прес конференциите пушти аудио снимки, за кој вели дека покажуваат како власта ги крадела и фалсификувала изборите во Цела Македонија, особено начините на кои тоа се договарало и правело во Центар и во струмица, потоа како луѓе од власта и медиуми договарале пресуди, избори на судии и обвинители, каква била спрегата меѓу власта и дел од медиумите, како се апсел Љубе Бошкоски, како се нарачувало и договарало уривањето на објектот „Космос“ на Фијат Цаноски, како се договарале и што мислат министрите за трошењето на буџетските пари.

Како што беше досега објавено, стотина новинари исто така беа следени.

Тие најавија дека правдата ќе ја тераат до крај и побараа оставки од Груевски, Јанкулоска и Мијалков.

На посебни прес конференции беше објавено како се лажирале и краделе изборите во Центар, Струмица, и Куманово.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Ивица Коневски и инвеститор и адвокат на Општина Кисела Вода, обвинува СДСМ

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

(ВИДЕО) Тренчевска: Мицкоски бараше техничката влада да остане до влегувањето на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски

Мемов: Конфузија и раскол во СДСМ околу Законот за Влада

Катерина Ѓуровски