Димевски нема да се кандидира на претстојното Собрание на МКФ

Од:

Претседателот на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) Даниел Димевски со соопштение до медиумите се обрати и појасни дека нема да се кандидира на следното собрание на МКФ кое ќе биде изборно.

– Во целокупната моја 10-годишна кариера како предводник на Македонската Кошаркарска Федерација, сета своја енергија, ентузијазам и посветеност ги ставав во функција на сесрдна поддршка на клубовите и на македонската репрезентација, како најсветиот дел од македонската кошарка. Во овие драматични моменти за иднината токму на македонската репрезентација, во пресрет на Евробаскетот во Хрватска, како човек кој чувствува дека е еден мал, но сепак нераскинливо сврзан дел со нашата репрезентација, впрочем како што било и секогаш во добро и зло, со овој личен чин сакам да направам се што е во моите можности да спречам едно црно сценарио за иднината на македонската кошарка, се наведува во соопштението.

Изборното собрание на МКФ е закажано за 27 април.

– Доследно почитувајќи ги Актите, сочувувајќи го интегритетот на МКФ како основен приоритет, на демократски начин со тајно гласање, што согласно Деловникот е дискреционо право на Претседателот за изборот на начинот на изјаснување, членките на МКФ ќе можат да го изберат идниот предводник помеѓу повеќето кандидати кои ќе достават свои програми и визија за иднината на македонската кошарка. Јас лично не планирам да се кандидирам по четврти пат, но тоа не значи дека се повлекувам од македонската кошарка, нведува Димевски во соопштението.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос