Екранизацијата на романот „50 нијанси на сивата“ стана вистински хит, а се популарен е и пентхаусот во Сиетл кој бил инспирација за уредување на апартманот во кој е сместено најголем дел од дејството во филмот.
Станува збор за стан во една од најлуксузните станбени згради во Сиетл, Ескала, која е на добар пат да стане нов симбол на градот.
Пентхаусот е со површина од 600 метри квадратни и неодамна е продаден за цена од 6,2 милиони долари, со што стана најскапиот стан кој кога и да било е продаден во Сиетл.
Во истиот станбен комплекс има уште шест помали пентахуаси, чија почетна цена изнесува 1,8 милиони долари.
Од апартманите се пружа поглед кон целиот град, кон заливот Елиот и кон Олимписките Планини.
Имајќи ја предвид популарноста на филмот „50 нијанси на сивата“, агенцијата која ги продава апартманите очекува нивната цена да продолжи да расте за по стотина илјади долари на ден.