ЕУ ја поддржува Кенија во борбата против тероризмот

Од:

Европската унија денеска и вети поддршка на Кенија во борбата против тероризмот по нападот кој го извршија сомалиски исламисти врз универзитетски кампус во Гариса, во кој загинаа 147 лица.

– ЕУ ја потврди својата посветеност да ги поддржи Владата и кенискиот народ во борбата против тероризмот, се наведува во соопштението на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини.

Таа истакнува дека Кенија може да смета на „солидарноста на ЕУ, која ќе работи на јакнење на поддршката во напорите на Кенија да се бори против тероризмот“.

– Терористите ја покажаа својата одлучност да го нападнат образованието, да создадат поделби меѓу различните вери, да не и дозволат на земјата економски и културен раст, стабилност и достоинство за сите граѓани, додава Могерини.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“