ССК со 17 скопски општини ќе работи на регионален економски развој

Од:

Креирање поволни услови за работа на бизнис секторот, зголемување на инвестициите, ефикасност на администрацијата, соодветна инфраструктура и партнерство со индустријата, се само некои од целите на Меморандум за соработка што денеска го потпишаа претседателот на Сојузот на стопанските комори (ССК) Данела Арсовска и претседателот на Советот за развој на скопскиот плански регион Сокол Митровски.

Договорот беше потпишан во рамки на Регионалниот совет на скопскиот плански регион на кој присуствуваа 17 градоначалници од општините.

– Двете институции заеднички ќе работат на јакнење на принципот на јавно-приватно партнерство, како и на делување во насока на зајакнување на капацитетот на мрежите во локалната и руралната заедница, бизнис секторот, стимулирање на развојот на локално и регионално ниво, рече Арсовска.

Ова, додаде, е дел од иницијативата на ССК која почна да се спроведува од септември 2014 година за зајакнување на членството од сите општини во Македонија преку организирање редовни средби со градоначалници и стопанственици, а во насока на подобрување на деловното опкружување преку рамномерен регионален развој.

Според Арсовска, она што е од големо значење за ССК, а на кое делува и Скопскиот плански регион, е економски развој на општините и создавање поволни услови за водење бизнис.

ССК ги застапува интересите на бизнис заедницата во насока на подобрување на нивното деловно работење. Значителен дел од компаниите-члеки на ССК припаѓаат на Скопскиот плански регион, кој опфаќа 17 општини и Градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа, односно 10 урбани општини кои се дел од градот Скопје и седум рурални.

Би можело да ве интересира

Кампања за подигнување на јавната свест и за преземање мерки против загадувањето

Ана Ололовска

Откриен уште еден пријавен случај на рекет

Ана Ололовска

Медијаторство – брз, ефикасен и поевтин начин за решавање спорови

Ана Ололовска

ССК: Легализирањето на дивоградбите е амнестирање на кривично дело

Конференција за вработување на учениците со интелектуална попреченост

Ана Ололовска

ССМ: Работниците треба да го искористат своето право на глас

Ана Ололовска