Генералот Прајут се заканува со забрана на медиумите, ако не се добри спрема него и Тајланд

Од:

Соочен со остри критики од меѓународната заедница и прикриеното незадоволство во државата по добивање на неограничени права да ги прогонува и им суди на противниците на воениот режим во Тајланд, водачот на државниот удар од мај минатата година, сега премиер, генералот Прајут Кан-ока денеска отворено им се закани на медиумите дека ќе ги укинува ако го критикуваат неговиот режим.

Вообичаено познат по ноншалатна поза кога се појавува пред новинарите, генералот Прајут на денешната прес конференција покажа дека е лут на медиумите. Причина беше вчерашното барањето на четирите постоечки организации на медиумите во Тајланд власта да даде попрецизни објаснувања за тоа, што значи укинувањето на вонредната состојба и управувањето со Тајланд врз основа на Преодниот устав. Новите правила, според многумина и даваат на хунтата дури и поголеми, речиси неограничени, овластувања да се справува со тие што ги смета за политички противници.

Медиумите се пожалија дека една одредба од членот 44 на преодниот Устав остава широк простор за толкување за можностите на воведувањето на цензура над медиумите, но денеска генералот Прајут беше јасен. До колку сегашните власти заклучат дека некој медиум  „ позитивно ’’ не ја следи актуелната политика во Тајланд, последиците се многу јасни, порача генералот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач