Консултативен состанок Рилкоски – Жерновски

Од:

Во функција на подготовка на Референдумот на локално ниво за ГТЦ, денеска се одржа состанок помеѓу претседателот на ДИК, Никола Рилкоски и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски со соработниците.

„Состанокот  беше во функција на информирање за обврските на општина Центар, како предлагач. Подготовките одат според планот и роковите за спроведување на референдумот, според законските одредби, ќе се запазат.

По изгласување на одлуката од Советот, согласно законските одредби,  беше испратено  барање за спроведување референдум на локално ниво до Државната изборна комисија и до Општинската изборна комисија – Центар“, соопштуваат од Општина Центар.

„Градоначалникот Андреј Жерновски оствари средба и со директорот на Граѓанската асоцијација МОСТ, Дарко Алексов.

На 26-ти април во општина Центар ќе се спроведе референдум, на кој граѓаните ќе одговорат на следното прашање: „Дали сте за тоа да се задржи автентичниот изглед на фасадата на Градскиот Трговски Центар – Скопје?“. Граѓанинот се изјаснува со заокружување на зборот „ЗА“ или „ПРОТИВ“.

Одлуката на референдумот се смета за донесена, ако за неа се изјасниле позитивно мнозинството од вкупниот број на граѓани кои излегле на гласање, доколку гласале повеќе од половина од вкупниот број граѓани запишани во изводот од избирачкиот список во општина Центар.

Одлуката донесена на референдумот е задолжителна“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Вработените во ГТЦ протестираа: Бараат зголемување на платите за најмалку 1.600 денари

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец