Полуфинале за Ѓоковиќ, финале за Серена Вилијамс во Мајами

Од:

Двајцата најдобри тенисери Новак Ѓоковиќ (мажи) и Серена Вилијамс (жени) во двете конкуренции ноќеска постигнаа тешки победи во мечевите на Мастерсот во Мајами. Ѓоковиќ (Србија) во дуел од четвртфиналето го победи Давид Ферер со 7:5 и 7:5 во гемови и се избори за пласман во полуфиналето, каде за противник ќе го има Американецот Џон Изнер, кој со 2:0 во сетови (6:4 и 6:3) беше поуспешен од Јапонецот Кеи Нишкори.

Американката Серена Вилијамс во три сета во полуфиналето ја победи Романката Симона Халеп со 6:3, 2:6 и 7:5. Таа во финалето ќе игра против Шпанката Карла Суарез Наваро, која со 6:3 во двата сета славеше над Андреа Петковиќ (Германија). Вилијамс е апсолутна фаворитка бидејќи досега има победи на сите четири меча и притоа загубила само 10 гема од Суарез Наваро.

Вечерва на турнирот во Мајами се играат полуфиналните мечеви кај мажите: Енди Мареј – Томаш Бердих и Новак Ѓоковиќ – Џон Изнер.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров