Во нападот врз универзитетот во Кенија загинаа 147 луѓе

Од:

Во вчерашниот напад на сомалиските исламисти врз Универзитетскиот кампус во кенискиот град Гариса загинаа 147 луѓе, соопшти кениската Служба за реакција во вонредни ситуации.

– Потврдено е дека во нападот во Гарсиа загинале 147 луѓе. Операцијата е завршена, објави на Твитер Националниот оперативен центар за вондредни ситуации во Кенија.

Претходно, министерот за внатрешни работи на Кенија, Џозеф Нкаисери изјави дека полицијата ги убила четворицата напаѓачи, кои ги држеле студентите како заложници повеќе од 12 часа, а во тек е пребарување на областа.

Според Нкаисери, ова е најкрвавиот напад уште од 1998 година, кога беше нападната американската амбасада во Најроби.

Одговорност за нападот презеде сомалиската терористичка организација Ал Шабаб.

Кениските власти понудија награда од 215.000 долари за информација која ќе доведе до апсење на Мохамед Мохамуд, кој е прв на листата на најбарани лица поради денешниот напад врз универзитетот.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“