Албанската полиција уапси пратеник, осуден за убиство во Белгија

Од:

Албански пратеник од Демохристијанската партија, кој е осуден во отсуство во Белгија за убиство извршено во 1999 година, денеска е уапсен од полицијата, откако Парламентот претходно му го одзеде имунитетот.

Албанскиот Парламент со огромно мнозинство изгласа одземање на имунитетот на Марк Фроку, откако белгиски обвинители распишаа меѓународна потерница за негово апсење.

Бриселски суд ги осуди Фроку и уште тројца други Албанци во отсуство на 10 години затворска казна во 2010 година. Фроку поднесе жалба на пресудата и се очекува нов судски процес во октомври.

Резултатот од гласањето во Парламентот обезбедува пат за екстрадирање на Фроку во Белгија, но двете земји немаат потпишано договор за екстрадиција.

Обвинителите сметаат дека убиството на албанскиот државјанин Александар Курти во 1999 година било резултат на конфликт меѓу две банди, вмешани во проституција во Брисел.

– Не сум вмешан во никаков инцидент. Тогаш не бев во Белгија. Овие обвиненија се лажни, изјави денеска Фроку пред Парламентот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“