Македонците од Албанија во изборна коалиција со социјалистите на Рама

Од:

Македонците во Албанија одлучија на локалните избори во Албанија на 21 јуни, да бидат дел од коалицијата која ја предводи Социјалистичката партија на актуелниот премиер Еди Рама.

Веста за договорот ја соопшти премиерот Рама на неговиот профил на Фејсбук.

– Со Темелко, претседател на македонската партија и градоначалник на општина Пустец постигнавме договор за заеднички настап на изборите, пишува Рама.

Веста ја пренесуваат сите медиуми, при што се нагласува дека договорот е постигнат меѓу лидерите на двете партии, Социјалистичката Рама и МАЕИ, Едмонд Темелко.

На последните локални избори на кои Темелко беше реизбран за градоначалник на Пустец, македонската партија беше во коалиција со Демократската партија.

Партијата за подрачјето на Голо Брдо беше во коалиција со социјалистите, но таму само за десеттина гласови изгуби кандидатот на МАЕИ за општина Требиште.

Во изборната коалиција на левицата се и партијата на Илир Мета, лидер на Движењето за социјалитичка интеграција и претседател на Парламентот, како и партијата на Чамите, партија за правда и единство на Шпетим Идризи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“