Мартин Костовски, претседател на ОО СДСМ Куманово на денешната прес конференција рече дека класичниот изборен криминал не и помогнал на власта да го освои Куманово.
„Кумановo му кажа големо „не“ на Никола Груевски и неговото газење на слободата и демократијата. По објавувањето на Вистината за Македонија“, граѓаните ќе му кажат „не“ nа Груевски. Општина Куманово е под константна пресија и финансиски притисок од централната власт. Нема да престанат, но Куманово било и ќе биде Социјал-демократски град, рече Костовски.