Мартин Костовски, претседател на ОО СДСМ Куманово објави снимен разговор на кој вели дека е меѓу Гордана Јанкулоска и вице-премиерот Владимир Пешевски.
Костоски вели дека Јанкулоска признава дека се договараат како да ги спречат возилата на СДСМ, и за да не одат по партиски работи да ги прати на технички преглед.
Јанкуловска, вели Костовски, кажува и дека МВР одработува за ВМРО-ДПМНЕ.
5. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Владимир Пешевски
ВП: Возилата, да се направи список на возилата што ги користеле СДСМ у првиот круг за гласање, што носеле гласачи. Ало, ме слушаш?
ГЈ: Да, да, те слушам.
ВП: Е сега, он вика, утре, вика, наши колеги – вика- да бидат инструирани, да го пуштат – вика – тој со тоа возило да си отиде да гласа еднаш, он, негова фамилија, ако иде со кола. После тоа – вика – да го сопре сообраќајна полиција и да го прати на вондреден технички преглед. И вика нека се направи, пошто тоа се едно 40-50 коли, ќе се направи таму ред, па тоа поспоро ќе иде, ама ќе им го успориме процесот на гласање.
ГЈ: Види тоа може да се направи, ама тоа е вака, грубо интервенирање во изборниот процес.
ВП: Не е. Ти му даваш…
ГЈ: Е како не е. Ние колку возила ангажираме?
ВП: Не, не, ама ти му даваш он да си гласа. Тој што е сопственик на возилото…
ГЈ: Не бе, те разбирам што е. Ама хаос ќе се направи, знаеш. Не е проблем. Мислам тоа не е некоја голема работа. Ние имаме други методи, многу поефикасни, ама океј, не е проблем и тоа да се направи. Малку да ги забавиме.
ВП: Па малце да ги успориме…
ГЈ: Да, да. Оти
ВП: Тоа дури можеби и да се чека, не сабајлето…
ГЈ: Треба и да се види колку интензитет имаа таа работа. Оти сега реално, ти еднаш си ги однел мајка ти и татко ти, еднаш ти си пошол, не е тоа нешто….
ВП: Не, не, не, за оние што се организираните.
ГЈ: Да де да. Ко ние, по тимови што ги организираме, знам де знам.
ВП: Е па и ние нели има даваме пари за коли, па не знам…овдека имало 40 коли беше у Куманово, кога зборевме да се 60 или 70.
ГЈ: Треба да видиме интензитетот. Некој да речеме ако два-три пати отиде, може да го исконтролираат. Не само од еднаш. Ме разбираш?
ВП: Добро сега не знам како да го изведам. Он вика не знам што да правам. Јас вика ќе идам кај началникот и ќе му го дадам списокот, и што да правам.
ГЈ: Да де да. Нека му го даде, јас ќе се чујам со началникот.
ВП: Дали истава работа, сега не знам други кај се носат гласачи вака со коли.
ГЈ: А бе види, во секоја општина се прави тоа, не е…мислам знаеш, ние го правиме многу, многу поорганизирано од комуњариве. Ние го правиме и со комбиња…
ВП: Знам и со возења и со се…
ГЈ: Да, да.
ВП: Он вика имало такви возила, ја вика ги знам возилата кои се, ми ги јавија нашите луѓе. И сега вика – ќе му го дадам на началникот, и од мене вика – толку. Ти треба ли уште нешто. Викам чекај, јас ќе зборам со министерката.
ГЈ: Не треба, Владо, мислам ние сме толку вака системски организирани. Ја вака некој кога, пошто му е близок, да не рече – еј не го фермаат овој, да не се чувствува фрустиран, иначе…
ВП: Да бе да.
ГЈ: …се е организирано, до танчина, знаеш како до влакно е организирано. Ама знаеш како е, да не добие човекот чувство: а бе еј овој мојов го тргаат на страна, го играм, знаеш.
ВП: Добро ја еве демек зборам, инаку дека јас сега ќе го сменам во моментов
ГЈ: Иначе еве сега за оваа другава работа, началникот што ми е најглавен, на цела Македонија, на организиран, можда и веќе и му се јавил на Зоран, ако му кренал телефон.
ВП: Не знам, на Зоран кандидатов?
ГЈ: Сега. Да. Сега јас му…пошто у Куманово ми е човекот, сите ти викам, на највисоко можно ниво ми се таму, значи цел врв на МВР е у Куманово овие три дена.