(ВИДЕО) СДСМ: 225 илјади евра во кеш од Јанкулоска и Божиновски за партијата на Милетиќ

Од:

СДСМ објави два разговори за кои посочи дека се на Гордана Јанкулоска со Никола Тодоров во кој кажува дека се ветени големи суми пари-75.000 во кеш и ургира побрзо да се достават парите за партијата на Драгиша Милетиќ. Во вториот разговор Кирил Божиновски на Јанкулоска и признава дека дал 225.000 евра во кеш.

Јанкулоска, од позиција на министерка за внатрешни работи, потврдува дека се ветени големи суми пари во кеш, 75.000, за партијата на Драгиша Милетиќ. Лично Јанкулоска ургира кај Тодоров и кај генералниот секретар на Владата и на партијата, Кирил Божиновски, да се достават овие пари што побрзо.

Во следниот разговор Кирил Божиновски потврдува дека тој дал пари во кеш и тоа, внимавајте, не 75 туку 225 илјади – за, како што вели, помалите етнички заедници. Ќе слушнете како Јанкулоска признава дека се прават “бандитски работи“, рекоа од СДСМ.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Тодоровски 

НТ: Горде!

ГЈ: Еј Нино, што правиш, у гужва?

НТ: Еве тука сме собрани со специјалците.

ГЈ: Кире собран ти е таму?

НТ: Сите сме тука, цел специјален тим.

ГЈ: Слушај, ја му вртев на него и му пишав порака, за Србиве на Милетиќ.

НТ: Е.

ГЈ: Таму им ветивме 75.000, ама Кире некако не се разбрал со Снајпер, а времево си поминува…

НТ: Еве сега ќе му јавам.

ГЈ: Ако можеш да го потсетиш, оти Драги чека да ги однесе.

НТ: Сега ќе му пишам.

ГЈ: О.К. Фала ти.

НТ: Треба да им однесеме 75 у Куманово, на овие.

ГЈ: На пријатели…

НТ: Чекај малку.

ГЈ: Ајде.

КБ: А бе не се заврши тоа?

ГЈ: Е па не се заврши. Ти си му дал за другите штоа беа, за Шиптарите. Ааа…

КБ: Не бе не, како…ај чекај

ГЈ: Снајпер му вика на Драги дека не си му дал.

КБ: Ајде, ајде.

ГЈ: Ајде. Ај чао.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Кирил Божиновски

ГЈ: Ало.

КБ: Горде, вчера им дадов, плус 75.

ГЈ: Е па не знам на кој. А на кој му даде? Оти јас Драги им го имам таму пратено, Драги…

КБ: Еве сега.

ГЈ: Ми се јави…

КБ: Ќе ти кажам за секунда. Вчера им дадов на овие, маливе етнички и тука вкалкулирав уште плус 75.

ГЈ: Е па дај…

КБ: Они бараа 150, ја им дадов 225.

ГЈ: Види, а бе не е, мислам јас и ти реков ако не 75, не е битно…него знаеш што е работата, јас не можам со вакви бандитски работи, ја лично да ги прашувам. И го пуштив Драги.

КБ: Да.

ГЈ: И сега они на него му вртат цело време, пошто глупо е министер за внатрешни да им речам: брат колку треба. Драги Стојановски од УМС што беше у Агенција…

КБ: А Драги, Драги…

ГЈ: Да.

КБ: Добро, сега, сега.

ГЈ: Он со Снајпер беше на линија.

КБ: Ама Снајпер не беше вклучен сега вториот пут, Спире беше вклучен.

ГЈ: Е па добро

КБ: Сега ќе искоординираме..

ГЈ: Нека се искоординираат

КБ: Ќе ти кажам кој ги има во Куманово

ГЈ: Добро бе, ништо само нека се искоординираат, пошто знаеш ние треба да ги притискаме утре, а неаме лице да им вртиме, сфаќаш.

КБ: Јасно. Ќе ти се јавам за секунда.

ГЈ: О.К. Важи, ајде, поздрав, чао, чао.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски