СДСМ: Мијалков, МВР и ВМРО-ДПМНЕ јавно ја признаа автентичноста на аудио доказите

Од:

„Немајки повеќе каде, Сашо Мијалков, МВР и ВМРО-ДПМНЕ конечно јавно ја признаа автентичноста на аудио доказите што СДСМ ги става на увид на јавноста.

Мијалков, МВР и ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека постои милионски корупциски скандал поврзан со набавка на опрема за прислушување од Израел, во којшто се инволвирани првите луѓе во власта, Мијалков од позицијата директор на УБК и Груевски од позиција на премиер“, велат од СДСМ.

„Директорот на УБК Сашо Мијалков, после се што слушнавме од неговата уста и се што видовме во СМС пораките, за легнати 540.000 евра, за испорачани 840.000 евра, за суми од 3 пати по 900.000 евра, замислете, се оправдува само за првата сума и тврди дека тоа било донација од пријателски служби?!

За таа „донација од пријателските служби“ којашто во разговорите помеѓу Мијалков и неговата соработничка во УБК и судијка Светлана Костова е јасно изговорена како „провизија“ МВР не само што признава дека се случила, туку и признаваат дека криеле, зашто „донацијата била државна тајна“!

Оттука, Сашо Мијалков и Никола Груевски мора да објаснат, каква е таа наводна донација што се реализира преку приватна фирма во Македонија? Таа фирма е јасно наведена во објавените разговори, чијашто содржина лично Мијалков писмено ја потврди“, соопштуваат од СДСМ.

„Ако парите биле наводна донација, зошто се уплаќани на сметки во странски банки и странски држави, како примерот со банката во Будимпешта?

Каква е таа наводна странска донација што не е пријавена во Секретаријатот за европски прашања?

Каква е таа донација во којашто се договара давање пари во кеш“, се вели во писменото соопштение на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски