Тимо Ходај нов шеф на Интерпол- Тирана

Од:

Томо Ходај е именуван  за нов шеф на Интерпол Тирана, јави дописникот на МИА од албанската престолнина.

Веста доцна синоќа ја пренесоа албанските медиуми, повикувајќи се на полициски извори.

Ходај е вработен во канцеларијата на Интерпол Тирана. Претходно повеќе години бил во служба на граничната полиција и има чин комесар.

Томо Ходај доаѓа на местото на Артан Бајрактари кој заедно со агентката Лорета Ала беа притворени под сомнение за злоупотреба на службената положба, односно прикриле информации дека пратеникот Марк Фроку во Белгија бил осуден на затворска казна заради убиство, со што му било овозможено да стане пратеник.

Бајкаратари и агентката  Ала, вчера доцна попладне биле пуштени од притвор  со право да се вратат на нивните работни места.

Адвокатот Ардиан Виша изјави дека нема покренато обвинение ни кон Бајракатари ни кон Ала, бидејќи против пратеникот Марк Фроку нема никаква меѓународна потерница за негово асење.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“