Познатата дизајнерка Кели Хопен реновираше еден стан од 135 метри квадратни во Лондон, кој го трансормираше во модерен животен простор со префинет ентериер.
Сите елементи во станот, од подните и ѕидните облоги, преку светилките и мебелот, па се до прозорците, се избрани со цел да се создаде современ осветлен простор.
Во салонот доминира лустер на декоратерот Блосом, која е иделано вклопен со уметничките дела и елегантните завеси. Вкупниот амбиент е надополнет со фотелји и софа со свилен тапацир.
Во трпезаријата, која е одвоена од салонот со лизгачка врата, има едноставна маса и столици со префинет стил. Во просторијата има и преубав лустер што наликува на нежен бел цвет.
Кујната има кварцни работни површини, а амбинетот со апартите за домаќинство и ѕидните елементи е надополнет со разни уметнички дела.
Спалната соба се карактеризира со едноставни линии и мешавина на стилови, кои се видливи во самиот мебел и во дополнителните елементи.
Бањата е со камени ѕидови и со модерно дизјанирани и опремени елементи.
Станот има вкупно девет соби во кои доминираат чисти линии и неутрални тонови збогатени со внимателно одбрана текстура која создава чувство на топлина.