Јотовски загуби само еден гем

Од:

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски со само еден загубен гем успеа да го добие првиот меч на фјучрс турнирот во Врсар, Хрватска.

Тој во 1. коло го победи хрватскиот играч Еди Штафицар со 6:0 и 6:1 во сетови.

Во следното коло Јотовски ќе има за противник уште еден хрватски играч, но Борут Пуц е поквалитен од денешниот ривал. Пуц кој настапува како квалификант во 1.коло го совлада петтиот носител Адриан Партл од Словачка со 7:5 и 6:3. Пуц во моментов се наоѓа на 466.место на АТП листата.

Во игра на двојки Јотовски и Бјелица од Србија ги победија Линк (Германија) и Офнер (Австрија) со 6:2 и 6:3.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров