Лидерот на СДСМ, Зоран Заев објави снимки за кои вели дека е меѓу Гордана Јанкуловска и Зоран Ставревски и Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков Разговарат за затворање на буџетот.
„Значи, треба оставка да дадам како министер за финансии, ако не можам да затворам буџет“, вели лицето за кое Заев вели дека е Зоран Ставревски.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески
ЗС: Ааа, за буџетот…
ГЈ: Е, да.
ЗС: Сте дале буџетско 188 милиони кратење само.
ГЈ: Да.
ЗС: А вие треба 600 и кусур да скратите.
ГЈ: Аа Зоки, ја неам од кај да скратам 600. Значи немам толку…
ЗС: Јас не можам да го затворам буџетот.
ГЈ: Еве, да збориме со премиерот.
ЗС: Значи, треба оставка да дадам како министер за финансии, ако не можам да затворам буџет.
ГЈ: Јас те разбирам тебе, ама ако не смеам да ги скратам тие кај што има пари, 850 милиони на една ставка.
ЗС: А, зошто да не смееш да ги скратиш?
ГЈ: Епа зошто, нели со премиерот е така договорено.
ЗС: Нема врска, ќе си скратиш, ја ќе му кажам на премиерот скратено е и ова, шо ми е гајле, не можам ја да одам у затвор за некого.
ГЈ: Ја значи, па затоа сакам да направиме и муабет. Ја, значи, сите ставки кај што имаше пари, на нула ги симнав.
ЗС: Да не треба ….скратено, како цела држава што пати таму, нема шо мислам, и ја ќе си разговарам со кој треба, шо треба, нема шо тука да…
ГЈ: Добро, значи, тоа е причината, од сите други места, колку и да кратиш, нели плати не кратиме…
ЗС: Ама треба да дадете буџет, со се тоа скратено, не вака.
ГЈ: Значи, ама сеа, нели и со него зборевме кога го правевме буџетот, сто пати ми рекол таму не пипкајте ни еден денар.
ЗС: Кој ти рекол?
ГЈ: Премиерот.
ЗС: Не е така.
ГЈ: Значи, не у контекст на ребалансов, претходно ми има сто пати речено, прајте шо ќе праите, таму денар да не фали.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков
ГЈ: Вчера имавме влада и меѓудругото треба да се прави ребаланс.
СМ: Аха
ГЈ: Со тоа што линеарно сите министерства да скратат по 30 посто од капитални расходи, ама кај нас знаеш, само на една ставка има пари, оваа шо ни е големава.
СМ: Аааа, не може вака да ти мине тоа…
ГЈ: И ние ако скратиме, мислам, не знам шо да кажам…уште поише ќе заглавиме.
СМ: Не, тоа е договорено, и тука нема кратење, као другите…
ГЈ: Да, да тоа сакав да ти кажам, сега знаеш…
СМ: Не, кратење нема…
ГЈ: Јас ќе..потскратиме негде на друго место, мислам малку ќе шкрбнеме, ама нас уствари ваму ни е фактички единствено каде што има пари нешто реално, со усул да видиш и ти со премиерот, да не биде после МВР шо не сте пратиле…
СМ: Да тоа да го расчистиме оваа година, јуни јули да биде расчистено и више да не го збориме и мислиме тоа…
ГЈ: Не, па затоа сега, да не дојдеме у ситуација сега, ја на Влада да објаснувам, пошто не е знаеш за пред сите. Ако имаш ти ситуација да му кажеш на премиерот таму да не чепкаме..
СМ: Ќе му кажам, ќе му кажам, да…
ГЈ: Мислам од други…
СМ: Не, зпнае он, нема да чепнеме таму…
ГЈ: Абе добро, ама знаеш да не…хехех.. јас пред време да си реагирам, да не се расправаме таму знаеш пред сите…Чисто да ти кажам и ти да знаеш…Таму нели стаивме околу 850 милиони мислам дека беше, евентуално ако сами ние може да предложиме кратење, ама ако знаеме дека нешто е поефтино, или вишок пари имаме, пошто јас се сомневам дека имаме вишок пари …ама..
СМ: Не, не, таму не пипаме, ќе зборам јас и со премиерот, таму нема пипање, тоа треба да се расчисти ..и да го договараме тоа…
ГЈ: Нее, добро, затоа викам, хипотетички ако ти кажеш овде има вишок, нема проблем , иначе да си стои таа ставка…
СМ: Не не, таму има мањак, каков вишок, тоа треба да го затвориме, и готово тука нема кратење..
ГЈ: Затоа ти кажувам, од сегде друго ќе кратиме, ќе пустиме, ќе праиме, толку колку што има…ама главно кај нас масата е таму си знаеме ние…