Експлозија на извор на нафта во Албанија

Од:

Албанските власти денеска издадоа наредба за евакуација на жителите на едно село во чија близина се случи експлозија во еден извор на нафта, јавија албанските медиуми, додавајќи дека нема информации за жртви при инцидентот.

Со изворот стопанисува канадската компанија „Бенкерс Петролеум“ која соопшти дека експлозијата во реонот на Маринза, на 130 километри јужно од Тирана, се случила за време на сондажни активности, при кои дошло до неконтролиран наплив на природен гас.

По експлозијата избувнал пожар кој создал густ црн чад, кој според претставниците на „Бенкерс Петролеум“, не е штетен по здравјето на луѓето. Сепак, властите решија да донесат одлука за времена евакуација на жителите од блиското село.

Портпаролот на албанското Министерство за енергетика Дардан Малај изјави дека и покрај издадената наредба за евакуација, некои од локалните жители одбиле да ги напуштат своите домови.

„Бенкерс Петролеум“ стопанисува со нафтени наоѓалишта во Албанија од 2004 година, од кои годишно произведува по околу 1,2 милиони тони нафта.

Лани Албанија вкупно произведе 1,4 милиони тони нафта.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“