Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Васил Тупурковски е добитник на наградата на Меѓународниот олимписки комитет, трофејот „Пјер Де Кубертен“.
Трофејот на Тупурковски утре ќе му го врачи претседателот на Европските олимписки комитети, Патрик Хики кој е во работна посета на Македонскиот олимписки комитет.
Свеченоста на доделување на трофејот, ќе се одржи утрево хотелот Холидеј Ин во Скопје.
Наградата „Пјер Де Кубертен“ се доделува на заслужни спортисти, работници и бивши спортисти кои оставиле белег во олимпиското движење.