Саркози сослушан во суд во Париз

Од:

Поранешниот француски претседател Никола Саркози денеска е сослушан пред судот во Париз, а тројца негови соработници се приведени, во рамки на аферата за илегални парични средства што наводно ги користел за време на претседателската кампања во 2012 година.

Поранешниот претседател на Унијата за народно движење Жан-францис Копе, исто така, е под истрага поради сомневање дека ја злоупотребил службената позиција.

Утринава се приведени и тројца блиски соработници на Саркози за време на неговата претседателска кампања, кои се осомничени за издавање на лажни сметки

Истрагата откри дека за претседателската кампања на Саркози илегално се собирани средства со цел трошоците да не го надминат дозволениот максимум од 22,3 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата