Ја убил мајка си со кујнски нож

Од:

Маж од Зајечар, Србија, вчера вечерта во домот на неговите родители во селото Заграѓе си ја убил мајка си убодувајќи ја во градите со кујнски нож, по што таа починала веднаш.

Според досегашните сознанија на полицијата, И.О. (49) посегнал по ножот во расправија.

Убиецот е уапсен, а увид извршиле истражен судија од Вишиот суд и јавен обвинител од Зајечар, заедно со полициска екипа.

Сличен инцидент на крајниот исток на Србија се случи и пред три дена. Во градот Бор, кој е релативно блиску до Зајечар, во расправија со нож во градите е убиен Зоран Стојановски (34).

Него го убил неговиот татко Димитрија.

Би можело да ве интересира

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија