За денеска во 14 часот и 30 минути, во седиштето на СДСМ во Скопје е планирана нова прес конференција на лидерот на партијата, Зоран Заев, која ќе биде продолжение на проектот „Вистината за Македонија“. Заев ќе ја објави 15. Бомба.
Досега беа објавени повеќе аудио снимки од телефонски разговори кои, како што велат од опозицијата укажуваат на криминал и злоупотреби во власта.
Опозицијата досега објави дека во Македонија се прислушувани 20.000 граѓани, меѓу нив и најблиските соработници на Груевски, лидери и министри на ДУИ, лидерот на ДПА, потоа раководството на СДСМ, Бошкоски, Жерновски, Петковски, новинари, судии, обвинители, МПЦ, ИВЗ, МАНУ.
Заев на прес конференциите пушти аудио снимки, за кој вели дека покажуваат како власта ги крадела и фалсификувала изборите во Цела Македонија, особено начините на кои тоа се договарало и правело во Центар и во струмица, потоа како луѓе од власта и медиуми договарале пресуди, избори на судии и обвинители, каква била спрегата меѓу власта и дел од медиумите, како се апсел Љубе Бошкоски, како се нарачувало и договарало уривањето на објектот „Космос“ на Фијат Цаноски, како се договарале и што мислат министрите за трошењето на буџетските пари.
Како што беше досега објавено, стотина новинари исто така беа следени.
Тие најавија дека правдата ќе ја тераат до крај и побараа оставки од Груевски, Јанкулоска и Мијалков.