Авионот „Солар импулс 2“ ја заврши петата етапа од патот околу светот – слета во Кина

Од:

Авионот на соларен погон „Солар Импулс 2“ рано утринава слета во Чунгчинг, во централниот дел на Кина, завршувајќи ја петата етапа од патот околу светот со кој се промовира употребата на обновливите извори на енергија.

Патот од Мандалеј, во Мјанмар, до Чунгчинг траел повеќе од 20 часа.

Организаторите на летот соопштија дека пилотите морале високо да го кренат авионот над планинскиот предел на југот од Кина и дека морале да носат маски за кислород, а во кабината темературата опаднала на минус 20 степени.

„Соларен Импулс 2“ се наоѓа на пат околу светот. Авионот полета од Абу Даби на 9 март, а до сега имаше четири попатни станици. Следната дестинација е Нанѓинг, на источниот кинески брег, од каде ќе полета на првиот прекуокеански, петдневен пат до Хаваите.

Авионот „Солар Импулс 2“ лета без гориво, а струја добива од 17.000 соларни ќелии поставени на крилата со распон од 72 метри.

Се леталото на смена управуваат швајцарските пилоти Бертран Пикар и Андре Боршберг.

Се очекува етапниот лет околу светот, со паузите, да трае пет месеци.

„Солар Импулс 2“ је досега постигна два рекорда – најдолг пат изминат во еден лет и најголема брзина во однос на земјата.

Ова патување привлече шголемо внимание ширум светот од луѓе кои соларниот погон го гледаат како гориво на иднината, извор на чиста, обновлива енергија.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска